Саб01252020

Последна промена12:30:54 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Струшките пензионери традиционално ја прославија Василица

Струшките пензионери традиционално ја прославија Василица

Сподели

Како по некое не пишано правило,насекаде постарите жители не ги забораваат обичаите сврзани со разни верски празници и како верни чувари на вековните традиции тоа им го пренесуваат на помладите генерации.

Така беше и по повод прославата на Стара Нова година,во Струга меѓу пензионерите.
По дваесет и петти пат и оваа година по традиција Активот на пензионерките при Здружението на пензионерите од Струга,на 13 јануари ја прослави Стара Нова година – Василица.Во струшкиот ресторан на одморалиштето на Црвениот крст „Солферино“,овој ден го одбележаа и се дружеа над 80 пензионерки и пензионери.


Присутните ги поздрави Милорад Трпоски,претседател на Здружението и на ИО,при што им посака здравје,долг пензионерски живот,радост и среќа во Новата 2020 година,а воедно им ја честита 34 – годишнината од постоењето на Активот на пензионерките.На средбата се обрати и потпретседателката Павлина Кузманоска и директорката на одморалиштето Наташа Хиоки,кои им ги честитаа празниците на присутните.Богатата трпеза беше збогатена со поделување на струшкиот специјалитет ѓомлезец – кашаник со паричка,кои брачниот пар Олга и Евгенија Јовчески од Струга,го имаа приготвено затоа што го имаа оваа година кумството.А за наредната година како што налага обичајот,паричката ја усреќи Царева Стојкоска која го презеде кумството за наредната година.Средбата продолжи со песна и во весела атмосфера,за кое се погрижи ресторанскиот оркестар.
Оваа година директорката им направи едно интересно изненадување,т.е –имаше богата лотарија така да три пензионерки ги награди и тоа прва награда ваучер од 2000 денари и Втора и Трета награда постелнина.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK