Сре09232020

Последна промена10:25:30 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Пазарниот инспекторат платил 310 000 евра отштета за смртта на тројцата стружани на Пливалиште

Пазарниот инспекторат платил 310 000 евра отштета за смртта на тројцата стружани на Пливалиште

Сподели

Охридската извршителка Гордана Џутеска на 13 јануари наплатила солидарно  310.000 евра преку 40 трансакции од Државниот пазарен инспекторат за смртта на тројцата угледни стружани  - докторите Јосиф Докоски и Кире Ѓоргоноски, како и финансискиот инспектор Јонче Кувенџиески од струен удар на дивиот  шанк на струшкото  Пливалиште во 2010.

 

Блиските на тројцата познати трагично загинати стружани преку судски одлуки успеале да дојдат до обештетување кое како одговорни за смртта требало да им го исплатат Државниот трудов инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Општина Струга, кои своевремено не делувале превентивно и не ја отстраниле опасноста, односно не го затвориле објектот пред да дојде до несреќата..

Државниот пазарен инспекторат одлучил да плати релативно навреме за да не му биде блокирана сметката и ја исплатила солидарно сумата до извршителката Џутеска за сите три субјекти, од кои се бараше сумата на три подеднакви дела.

Директорот на пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, за „Фактор“ вели дека сега очекуваат од трудовиот инспекторат и од Општина Струга да им ги вратат парите кои ги уплатиле и за нив. 

- Станува збор за пресуда од Врховен суд за надомест на нематеријална штета. Во нашиот случај своевремено беше тужено Министерството за економија додека под нивно овластување беше пазарниот инспекторат. Во меѓувреме одговорноста беше пренесена за нас, иако сметам дека во моментов актуелното раководство не е виновно за таа трагедија, ниту пак тогашните инспектори, бидејќи тие тогаш не можеле да бидат технички стручни за да увидат дека пред да дојде до трагедијата имало неизолиран кабел на плажата, вели Пауновски.

Основниот долг изнесувал 13 милиони денари, а извршителката Џутеска наплатила уште неколку милиони за награди и камати во процесот кој трае повеќе години. Сега пазарниот инспекторат ги чека своите пари кои ги платил за трудовиот и за струшката локална самоуправа, а тие имаат рок од седум дена.

- Сумата која сите три страни ја делиме е некаде по околу седум милиони денари. Трудовиот инспекторат рече дека ги има потребните средства и дека за една недела ќе ги уплати кај нас, а исто така и Општина Струга ќе ни ги врати парите. Не би сакале да настанат недоразбирања и ние секако можеме да се заштитиме со тужба доколку некој одбие да ни ги исплати тие пари, додава Пауновски.

Пред нешто повеќе од девет години струен удар од неисправна електрична инсталација ги усмрти тројцата познати стружани додека седеле на металната импровизирана тераса во близина на плажата Галеб. Над металната конструкција минувал електричен кабел кој не бил соодветно изолиран. Од ветарот и дождот, оголениот кабел кој бил под напон дошол во контакт со металниот дел. Смртта кај тројцата настапи веднаш. 

За предизивикување на тешки дела против општата сигурност на луѓето, Основниот суд во Струга за виновни ги прогласи тројцата косопственици на шанкот, пренесува Фактор.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK