Пет05292020

Последна промена11:11:36 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Струга ќе ги изолира селата, хотел „Дрим“ државен карантин

Струга ќе ги изолира селата, хотел „Дрим“ државен карантин

Сподели

После првите пет случаи на корона вирус  во струшко од кои  еден со  смртен исход  во Горно Татеши, кризниот штаб најави  изолација на селата.

 

На  вчерашнешниот состанок на Координативниот совет се бара да се изолираат селата каде има заразени со Ковид 19, а  истовремено да се тестираат нивните жители.  Се најавува и  прекин на сите редовни линии на патнички превоз во општина Струга.

 Една од превентивните мерки е  и  список со имиња на сите лица со кои биле во контакт со  позитивните  на вирусот, истите да се тестират и да останат во самоизолација и под надзор на лекарите.

Хотелот „Дрим“ во центарот на Струга  е новиот  државен карантин. Во него од синоќа се сместени  првите македонски граѓани кои пристигнаа од Бон.

Сите работници, кои работат во јавните претпријатија на Општина Струга, а се жители на селата каде има заболени со корона вирус ,  се ослободуваат од  работа со што нивните работни обврски ќе ги вршат од дома.

Како уште  една превентивна мерка Кризниот штаб за утре  најави    затворање на   Зелениот пазар во градот.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK