Пон11302020

Последна промена12:25:19 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Трет смртен случај на корона во струшко

Трет смртен случај на корона во струшко

Сподели

Трет  смртен случај од корона вирус во струшко. 65 годишната  жена од селото Лабуништа, која почина завчера, посмртно тестирана  е позитивна на Ковид 19.

 

Таа дошла во тешка распираторна  состојба на  Интерното одделение  во  Струга.  Била препратена на инфектолошкото одделение во Охрид од каде ја вратиле назад.

 Во струшката болница лежела  околу пет часа додека се организирал превозот за клиниката за Инфектологија во Скопје, но  пациентката , која имала и  срцева хронична болест подлегнала на вирусот.

-„И неа требаше да ја носиме за Скопје по препорака на професорот ама таа не успеа. Се сомневавме имаше тешко диење. Таа беше изолирана во посебна соба по сите протоколи колку што допуштаат нашите можности“, вели директорот на струшката болница Мухамед Асани.

После смртта на заразената од корона во струшката болница се изврши дезинфекција, а се тестираше и целиот медицински персонал,  кој бил во контакт со починатата.

-„Повикав служба додјоа епидемиолози од Скопје и го тестираа целиот медицински персонал сега чекаме извештај. Но ни рекоа дека нема потреба од изолација, појаснува Асани.

Епидемиолозите денеска   го контактираат и тестираат  семејството на починатата. Во струшко ова е трет  смртен случај од Ковид 19. Синоќа на клиниката за инфектологија почина уште хронично болна жена од Лабуништа, а претходно почина  жена од  селото Горно Татеши.

Новинар Соња Рилковска МРТВ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK