Саб06062020

Последна промена09:46:49 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга На охридска инфектологија се згрижуваат пациентите од струшко

На охридска инфектологија се згрижуваат пациентите од струшко

Сподели

Негативни се тестовите  на трудниците од ризичните села од струшко. Изминативе денови во болницата  во Струга се тестираа родилките , кои доаѓаат од високо ризичните места како  Лабуништа, Татеши и Велешта. 

Епидемиолошка анкета се правеше и со медицинскиот персонал од интереното одделение, ренген и дневната болница.Анкетирани  беа оние,  кои беа во контакт со починатата пациентка од Лабуништа.

 Се надминаа и проблемите со одвраќањето на заболените пациенти  од страна на охридска инфектологија. После разрешувањето на директорката и паричните казни , сомнителните пациенти од струшко се згрижуваат во инфектолошкото одделение во Охрид.

-„Ако има сомнителни сега таа линија со тој регион функционира убаво преку Здравствен дома се носат таму. Вчера имавме сомнителен случај го примија. Се надеваме дека ќе функционира убаво“, вели Мухамед Асани директор на струшката болница.

Имаше  пунк за тестирање во Центарот за јавно здравје во  Струга,  но тој е  затворен поради близината со одделението за вакцинација. Интенцијата е да се отворат неколку пунктови во струшко.

-„Немаме таков простор комплетно товорен, не знам то ќе биде понатаму за тој пункт. Попрактично ќе беше мобилна екипа и да се оди на терен каде има сомнителни да се оди таму каде има етикетирани“ , додава Асани.

Во охридско струшкиот регион дневно се прават  од десет до  петнаесет   тестови за корона вирус.  Заклучно со утрово во струшките села има 9 заразени од Ковид 19, од кои три лица починаа..

Новинар Соња Рилковска

МРТВ

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK