Жени шверцувале домашна ракија од Струга за Истанбул

Сподели

96 литри домашна ракија, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Струга-Истанбул, пријавен за излез од државата.

Сопственици на домашната ракија се две македонски државјанки-патници во автобусот, а непријавената стока спакувана во 51 пластично шише, пронајдена  е во багажниот простор на автобусот, сокриена во картонски кутии и патнички торби.

Царинските службеници викендов воедно открија  и 5.400 евра,  при личен претрес на македонски државјанин-патник во автобус со  македонски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Струга-Виена, пријавен за излез од државата. Непријавените девизи пронајени се во внатрешниот џеб од јакната на лицето, каде во коверт се откриени 7.400 евра, од кои 2.000 евра му се вратени, согласно Законот за девизно работење.