Пет07032020

Последна промена09:53:49 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Приведени посетители во угостителкси објект во Струга

Приведени посетители во угостителкси објект во Струга

Сподели

Синоќа околу 21 часот, од угостителски објект лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, во полициската станица приведени се М.А.(33) од струшкото село Калишта и В.Н.(29) од селото Велешта.

 

Двајцата, ги спречиле полициските службеници при вршење на службени дејствија кон три лица присутни во локалот, поврзани со спроведување на мерките и препораките за заштита и превенција од ширење на корна вирусот КОВИД-19, кои не носеле заштитни маски. По овој основ, приведени се А.Х.(29) од селото Калишта како и Љ.Д.(26) и Л.Р.28), двајцата од Струга. Против приведените, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 

Поднесени се и кривични пријави за лица кои го прекршиле полицискиот час. 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Б.(39) од Струга. На 25.05.2020 година при вршење контрола, полициски службеници, во 10.45 часот го затекнале пријавениот на улицата „Партизанска“ во Струга без соодветна дозвола за движење во полициски час издадена од надлежен орган.

ОВР Струга, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Е.Н.(25) од струшкото село Лабуништа. Тој, на 25.05.2020 година во 13.15 часот, бил сопрен при управување патнички автомобил на регионалниот пат Струга-Дебар. Притоа, полициските службеници констатирале дека не поседува соодветна дозвола за движење во полициски час, издадена од надлежен орган.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK