Пет08072020

Последна промена05:24:20 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Прв интернет турнир во шах

Прв интернет турнир во шах

Сподели

Последните денови од месец јуни,Здружението на пензионери од Струга,организира Прв интернет-турнир во шах.

По појавата на корновирусот не го остави имун ни македонскиот шах.Иако се организираат интернет турнири со забрзано и брзо темпо на размислување,сепак,практични турнири засега нема.


Шаховскиот живот треба да продолжи и веќе нема земји каде што не се играат турнири.Секако мора да се следат препораките од надлежните органи за безбедност.
Според првите луѓе на Здружението,Милорад Трпоски,претседател и секретарот Изеир Мустафаи,кои беа иницијатори за одржување на Прв ваков турнир,подржан и од СЗПМ,на објавата за натпревар се пријавија 18 шахисти од нашава република,меѓу нив и една шаховска дама,која го освои четвртото место.
Според искусниот шахист Бајрам Спаију,член на шаховската екипа на ЗП Струга,кој активно се вклучи во организацијата на интернет-турнир,истакна дека сепак,трба да се знае дека стандартниот шах и интерниот,шахот се два различни спорта.
Шахот преку интернет е повеќе како видеоигра со елементи на шоу.Голем проблем е тоа што се нема доволно контрола за да се запрат измамиците.На почетокот на турнирот и на сите пензионери шахисти претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски и секретарот Изеир Мустафаи им го честитаа учеството на овој републички интренет-турнир во шах 2020 година.Нека е ова само почеток и поттик за натамошно организирање и проширување и истото да стане традиционален турнир на пензионерите на Македонија и пошироко.
На крајот од турнирот беа прогласени пет најдобри шахисти и тоа:Прво место Тодор Милосиев од Кочани на возраст од 71 година,Второт место го освои Владимир Мицов исто така од Кочани со 66 години,Третото место за Томе Тодоровски со 67 годишна возраст од Битола,додека четвртот место го зазеде единствената дма шахиста Марија Органџиева од Велес на возраст од 61 година и петото место му припадна на членот на ЗП од Дебар Ризван Колеци со наплнети 79 години.
Здружението на пензионери од Струга,подржано од партнерите Хотел „Арти“кој обезбеди по два дена викенд за по два члена од семејството на победниците,ресторанот „Центар“ја обезбеди храната со три оброка и Веба –Инженерик,проект Струга ги обезбеди шаховските табли,наградите –дипломи,сувенири како и достава до секој учесник прку Карго пошта го обезбеди организаторот т.е ЗП Струга.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK