И струшкиот градоначалник мора да ги острани дивоградбите
- Детали
- Објавено на Понеделник, 06 Јули 2020 14:43
Министерот Сугарески го повика градоначалникот на Струга Рамиз Мерко да започне со отстранување на дивоградбите на струшкото крајбрежје.
Законите мора да се почитуваат и да важат подеднакво за сите,не смее да има селективност. Доколку Мерко и натаму не го почитува законот државните инспекциските служби ќе преземат мерки. - Законите важат за сите, нема селективност. И градоначалникот Мерко мора да постапува во споротивно ќе реагираат инспекциските служби“, рече Горан Сугарески министер за транспорт и врски.
И амабасадорот Жбогар повика да се почитуваат законите за да се зачува статусот на Охридското езеро под Унеско.
- „Јас веќе кажав тоа што градоначалникот на Охрид се обидува да направи е да пренесе една порака дека истото владеењето на правото важи за овој дел од Охридското езеро истото важи и за другиот дел така да јас мислам ако сакате како земја да бидете сфатени сериозни за членство во ЕУ прво и најважно ќе мора да го испочитувате владеењето на правото , рече амбасадорот Семуел Жбогар.