Саб12052020

Последна промена01:22:50 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Стружанец со тупаници се обидел да изнуди пари

Стружанец со тупаници се обидел да изнуди пари

Сподели

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“, полициската станица од Струга против А.П.(30) од Струшкото село Мислешево поднесе кривична пријава.

 

Пријавениот, казненото дело го извршил на единаесетти овој месец околу 13 часот на паркинг во централното градско подрачје. Тука, требало да се сретне со Р.Д. од селото Подгорци, со кого претходно, лажно претставувајќи му се,  остварил телефонски контакт  заради склучување договор за купување патничко моторно возило од Италија.

Во моментот на нивната средба, пријавениот  А.П. извршил физички напад врз Р.Д. удирајќи го со тупаници во пределот на главата, почнал да го влече кон езерото и упатувајќи закани, му одзел една патна исправа, 10 евра и 150 денари.  Пријавениот потоа од Р.Д. побарал да му даде 1000 евра долг од претходен судски спор.

При лекарски преглед во општата болница во Струга, кај Р.Д. констатирани се лесни телесни повреди а пријавениот, по консултација со јавен обвинител веднаш е повикан во полициската станица во Струга.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK