Почна вештачкиот мрест - собрани 20 000 парчиња икра

Сподели

20 илјади парчиња икра од охридската пастрмка собрани на почетокот на вештачкиот мрест во Раожда.

Уловената пастрмка после стандардниот процес на измолзување на икрата повторно се враќа во Охридското езеро.

 

-, Ние сме подготвени годинава да примиме над два милиона икри, а имајќи ја во предвид заштитата, вложувањата и интересирањето на државата и она што се прави сега ќе успееме да го зголемиме производството, односно онаа икра изместрена и рипчиња кои ќе ги произведиме да бидат најмалку осумдесет проценти повеќе од минатата година, истакна проф. д-р Васил Костов, директор на Институтот за сточарство.

- Имаме голема физичка заштита од рибочуварската служба на охридскиот регион благодарение на институциите и на институтот за замјоделство. Се надеваме дек годинава ќе имаме повеќе икра и повеќе риба, велат од компанијата - концесионер со рибниот фонд на Охридското Езеро.

Оваа година Владата на Република Македонија издвои тринаесет милиони денари за вештачкиот мрест.

- Не само декларативно да се залагаме да го зачуваме еко системот на Охридското Езеро, да го зачуваме и ендемичниот вид, нашата пастрмка со која сите се гордееме во регионот и пошироко, туку со конкретни мерки и со директна финансиска поддршка. Сериозно зајакнува физичката заштита на Охридското Езеро и тоа е еден клучен и битен момент за да го зголемиме фондот на пастрмката во езерото, истакна Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Лани Охридското езеро беше порибено со милион и деветстотини илјади парчиња охридска пастрмка.