Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Бездомници се „вселија“ во центарот Нова Порака

Бездомници се „вселија“ во центарот Нова Порака

Сподели

Бездомници  се населија во Центарот за интелектуална попреченост „Порака Нова“  во Струга. 

Во објектот упаднале преку кровот си направиле спална и дневна соба.  Го искористиле тоа што поради пандемијата   центарот е затворен , па повеќемина роми  од други градови во дворот  монтирале и шатори.

Случајот е пријавен  во полиција.

„Секое лето ние имаме ваков упад дали е кражба, дали влегле само да јадат нешто во фрижидер.Ова веќе беше капак на се да влезат преку таванот досега вакво нешто не се случило. Имаат шетано по таванот и имаат втонато внатре“, вели Анита Гаговска секретар на Центарот  за интерелектуална попреченост „Порака Нова“ Струга.

Ова не е прв  упад во Центарот  „Порака Нова“, секое лето објектот   го напаѓаат разбојници, кои  уништуваат и крадат храна,   материјали и опрема. Вработените велат со години бараат чувар од општината.

-„По сите овие упади последниве години верувам дека ни полицијата ни општината немаат механизам да се справат со питачите и со овие скитници.Оставени сме буквално сами на себе да се справуваме. Од општина чекаме година и пол да ни пратат чувар“ , додава Гаговска.  

Во дневниот   центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост во Струга редовно  се  згрижени  18 штитеници, но поради пандемијата тој е затворен од 10 Март.

Вработените велат ионака кубурат со финансии, а  постојано се изложени на дополнителни трошоци поради несовесните разбојници, кои им нанесуваат штета.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK