Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Од Охрид 7, од Струга 43 починати од корона

Од Охрид 7, од Струга 43 починати од корона

Сподели

Од почетокот на пандемијата до денес во Охрид и дебарца починаа вкупно 7 лица а во струшко смртноста е многу поголема, од корона починаа вкупно 43.

 

За период од 25 до 31 јули 2020 г.
- Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 263 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
- Од вкупно земените материјали, 185 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 78 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
- Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 80 лица и тоа кај 16 лица од општина Охрид, кај 48 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар.
- Активни случаи во Охрид се 84, во Струга 195, а во Дебар 108.
- Во овој период оздравени се 37 лица од Охрид, 43 лица од Струга и 17 лица од Дебар
- Во овој период починати се 2 лица од општина Струга

Од почетокот на епидемијата до 31 јули 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 916 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 272 лица во општина Охрид и Дебрца, 449 лице во општина Струга и Вевчани и 195 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 186, од Струга се 225, а од Дебар и Центар Жупа се 79 пациенти
-од општина Охрид и Дебарца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 43, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица
Дозволете да нагласиме дека коронавирусот е сеуште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19, aпелираат од Центарот за јавно здравје. 

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:
- ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА
- ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.
- ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА
- ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ
Бидете одговорни...Уживајте во летото, безбедно...МОЖНО Е! 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK