Сре12022020

Последна промена02:47:09 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Стружанец загина туркајќи го фиќото

Стружанец загина туркајќи го фиќото

Сподели

Едно лице го загуби животот во несреќен настан случен рано утрово околу 07 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на каменоломот кај месноста  „Бороечки мост“.

 

Неде Ц. (64)  од селото Пискупштина им подлегнал на повредите во обид своето патничко моторно возило марка „Застава 750“ да го стави во погон туркајќи го преку регионалниот кон спореден пат надолу кон Глобочичкото езеро.

Притоа патничкото моторно возило кое добило забрзување се превртело на левата страна каде се наоѓал Неде Ц. кој не успаеал да влезе во возилото и да го сопре движењето по надолниот пат. Од здобиените повреди тој на лице место го загубил животот.     

На местото каде се случил несреќниот настан извршен е увид во присуство на Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK