Крадец се обидел да ограби казино во Струга

Сподели

Синоќа околу 03 часот во Струга на ул.„Маршал Тито“ во казино „Сенатор“ непознато лице маскирано со закана со пиштол се обидело да изврши разбојништво над вработените.

 

Имено, лицето побарало пари, а откако вработените му се спротивставиле, истото излегло од објектот и заминало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.