Прекината наставата во ОУ “Јосип Броз Тито” Струга

Сподели

Во ОУ “Јосип Броз Тито” во Струга од минатата среда радијаторите се ладни.  Поради недостиг на нафта 453 ученици од денес  нема да  посетуваат  настава.

 

Со 2 тони нафта и заштеда од лани едвај помина првото полугодие.  Според раководството  за нормално одвивање на наствата во текот на грејната сезона  потребни се 46  тони нафта за трите училишта, Јосип Броз и двете подрачни во струшките села, кои заедно од општината добиле само пет тони нафта.

-  Ние досега имаме добиено вкупно за тите учиишта само пет тони нафта. Постојано ни се кажува дека треба да штедиме и лани со такво штедење не можевме да се посветиме на воспитно образовната настава како училиште.  И минатата година потрошивме 25 тони нафта  со тоа што кога беше студениот бран цело време немаше настава, изјави  Ана Столеска директор на “Јосип Броз Тито”.

 Родителите револтирани бараат итно решавање на проблемот.

- Апел до надлежните институции до општината ако треба и до државата да се реши проблемот со греењето затоа што  се губи наставата, а потоа  треба да се одработуваат денови а сето тоа е на терет на децата, вели Крсте Бунчески од Советот на родители.

Од општина Струга  велат нарачани се 8 тони нафта, кои поради технички проблеми не стигнале навреме.

- Сега јас веднаш се слушнав со компанијата што снабдува со нафта и ми ветија дека утре сабајле ќе биде завршена работата. Осум тона кои ќе идат на секои 15 дена за да нема злоупотреба ,изјави Љандри Елмази советник за образование на градоначалникот на општина Струга.

Директорката Столеска се пожали дека наместо решавање на проблемот со нафта од високи функционери во општина Струга добила   закани и притисоци, кои веднаш ги пријавила во полиција.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5