Нед11172019

Последна промена11:00:51 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Се обидел да прошверцува канаринци во автобус

Се обидел да прошверцува канаринци во автобус

Сподели

6 птици-канаринци, биле откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Копер-Струга, пријавен за влез во државата.

Непријавените птици сместени во кафез – транспортер, биле пронајдени се под седиштето на македонски државјанин, патник во автобусот, кој бил сопственик на канаринците.

Меѓу поинтересните обиди за шверц се и   87 тегли мед, откриени при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата. Теглите со мед се пронајдени во просторот за резервна гума во багажникот на возилото, како и пред совозачкото седиште. Друг македонец се обидел да прошверцува 68 килограми разладено свинско месо и 40 килограми храна за кучиња. Истите биле откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Стоката била сокриена во просторот за палети и во фиоката за ладење на храна во кабината на возилото.  Во сите случаи непријавената стока е привремено задржана а против сторителот   започната е соодветна постапка.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK