Саб12052020

Последна промена01:05:03 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Градоначалникот Мерко закрепнува после 50 дена на Инфективна клиника

Градоначалникот Мерко закрепнува после 50 дена на Инфективна клиника

Сподели

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко помина речиси два месеци на Инфективната клиника во Скопје,  а сега е пуштен дома и закрепнува.


-„50 дена поминати во инфективната клиника секое ново утро ми беше среќа и радост што сум го дочекал“, вака градоначалникот на Струга Рамиз Мерко го раскажа седумнеделното лекување на клиниката од Ковид 19.

Две недели е пуштен на домашно лекување, завчера  бил  на првата контрола во клиниката. Интервјуто за Канал 5 го направи додоека седеше во автомобил:

„Добар сум, но силата не доаѓа така брзо.“

Тој и по пат кон Скопје со апарат ја мери сатурацијата на крвта. 

 За него лекувњето било долго имал тешкотии со дишењето од човек кој имал 110 килограми стигнал до 80 килограми инфузии, кислород.

Тимот на клиниката одлично се бори за секого, оваа болест како да нема крај вели Мерко.Мерко вели дека мора да се внимава, носење маски кога седите доверба нема дали некој нема или има. Вирусот не го гледате а влегува во вас и тука е неговата мож не знаете како ќе поминете.
Кај него почнал со лесни симптоми за да по пет дена заврши во болница. Нема правило дали сте биле здрав претходно или не, раскажа Мерко за лошата епизода во неговиот живот.

-Се опоравувам, јас сум оптимист дека оди на добро и се враќам во нормала. Најтежок момент ми беше на почетокот кога ме ставија на апарат, на сип маска. Со вакум дишење, не можев ни да користам храна.-Не знам каде се заразив, бев на свадба, но не знам дали е од таму или од средбата со граѓани. Обавезно мора маска да се носи, да се држи растојание, никакво групирање. Никакво дружење, вели Мерко за Канал 5 ТВ.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK