Саб12052020

Последна промена01:05:03 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Во Струга се подготвува теренот за модуларна болница

Во Струга се подготвува теренот за модуларна болница

Сподели

Во Струга се подготвува теренот за монтирање  на модуларната болница.

Откако се наполни дневната болница и детското одделение за задоволување на потребата за лекување на се` поголемиот број на заболени од корона вирусот ќе се поставува монтажна болница со капацитет од 35 дополнителни  болнички легла.

-„Започнавме да го подготвуваме тернот за монтажна болница  во новиот ковид центар што ќе е доста осленително за нашата болница Планирани се 35 кревети и дополнителна опрема. Веруваме дека ке го надминеме без проблеми но ако продолжат да растат бројките ќе треба да се размислува за нешто друго“, вели Мухамед Асани директор на струшката болница.

Засега во болницата има лекарства,  има и  медицински персонал, иако дел од нив се позитивни на корона вирусот или во изолација, но во новиот монтажен ковид центар ќе има потреба од дополнително ангажирање на кадар.

„Имаме дел од персоналот што ни се позитивни, иолирани но во моментов покриваме како што треба. За новиот објект кој се прави ќе имаме потреба од нов персонал“, додава Асани.

Во струшката болница моментално се  хоспитализирани 35 пациенти останаа  само три слободни кревети. Состојбата од ден во ден е се` покритична, нема инфектлози, за лекување на ковид позитивните пациенти се грижат интернисти.

Новинар Соња Рилковска

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK