Вто01192021

Последна промена05:44:35 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Од корона почина струшкиот хирург Владимир Кочоски

Од корона почина струшкиот хирург Владимир Кочоски

Сподели

Од компликации предизвикани од ковид 19 почина струшкиот хирург д-р Владимир Кочоски.

 Кочоски прво  се лекуваше во Струшката болница, потоа беше транспортиран на Инфективната клиника во Скопје, каде останал  речиси три недели. По добивањето на негативниот тест за коронавирусот состојбата му се влошила и починал.  

Познатиот лекар  на своите 60 години  е првата жртва на КОВИД-19 од медицинскиот кадар во Струшката болница.

-„На ниво на целата држава имаме поголем број на смртни случаи така што тоа зависи мноу од моментот кога пппациентите доаѓаат во болница и начинот на кој се третираат и самата болест е таква непредвидлива што во даден момент никој не може да помогне“ , вели д-р  Мухамед Асани од струшката болница.  

Во Општата болница во Струга во моментот 20-тина медицински лица се позитивни на КОВИД-19, во охридската болница триесеттина. 

-„Крајниот товар од сите непридржувања на мерките  го трпи општата болница Охрид. Нормално е дека  имаме позитивен персонал, здравствените работници се уморни ова трае осум месеци  не е едноставно. Не верувам дека некогаш во историјата на здравството Македонија имало ваков удар на здравственит систем“ , вели  д-р Горан Балевски од охридската болница.

 Хирургот  Владимир Кочоски е познат во јавноста по тоа што  беше и кандидат за градоначалник на македонскиот блок во Струга. Пред само неколку денови во Охрид на шеесетгодишна возраст  почина  доктор Драган Спасески , ортопед во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо. 

 

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK