Вто01192021

Последна промена05:44:35 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Стружанецот Игор Шајноски е првиот вработен уличен продавач во земјава

Стружанецот Игор Шајноски е првиот вработен уличен продавач во земјава

Сподели

33 годишниот Игор  Шајноски од Струга е првиот вработен  продавач на списанието „Лице в лице“.

 

Момчето со Даунов синдорм изминативе години важи за  најдобар уличен  продавач во земјава. Располага со исклучителни комуникациски способности.   Охриѓани и стружани добро го знаат по неговата прекрасна насмевка.

 Игор денес е рамо до рамо со своите колеги, вработените во Центарот за поддршка на лица со интелектурална попреченост во  Струга  „Порака Нова“.Тој е горд бидејќи прдонесува за  семејниот буџет.

- „Го купуваат списанието запознавам пријатели  со  сите се дружам. 0517 Со ова што го работам со списанието придонесувам во домашниот буџет“  , вели Игро Шајноски.

Осум години хонорарно го продавал списанието , за од април годинава да биде конечно вработен. Нема разлика меѓу Игор и неговите колеги, тој активно учествува  во целокупната работа на Цетарот „Порака Нова“.

-„Игор е заедно со нас во канцеларија и буквално не се чувствуаа  никаква разлика го чуствуваме како наш колега. Последниот период правевме анализи и стратегија Игор придонесуваше во целиот тој процес “  , вели Анита Гагоска од Центарот „Порака Нова“

Игор на терен носи заштитна маска и држи дистанца, свесен за ризикот од корона вирусот. Вели го загрижува тоа што во пандемијата паднала продажбата на списанието.

-„Го продавам списанието Лице в лице но во ова време на пандемијата мислам дека е многу тешко и падна и продажбата“ , додава Шајноски.

Игор е еден од деветте илјади  продавачи на уличен печат  во 35 земји ширум  светот , тој е првиот вработен  во земјава.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK