И во Подгорци осветен Светиот крст
- Детали
- Објавено на Среда, 20 Јануари 2021 20:44
На 19 јануари 2021 година,на денот на Богојавлени во дворот на црквата Свети Никола во Подгорци струшко,Светиот крст кој беше спуштен во осветената вода на црковната Кршталница од страна на отец Димитрие Павлески,најсреќен беше студентот на Паравниот факултет Златко Мариноски.
Сите протоколи од присутните беа запазени,овој празник го одбележавме во најдобар можен начин.В година ќе се вратиме на старата традиција,со фрлање на Светиот крст во водите на изворот „Марул“.
Присутните подгорчани со бакнување на Светиот крст,среќникот Златко Мариноски го даруваа со паричка.
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ