Двајца стружани се тепале на улица
- Детали
- Објавено на Понеделник, 25 Јануари 2021 12:21
Двајца стружани се тепале на улица .
На 24.01.2021 година во 12.45 часот, на улицата „Моша Пијаде“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија помеѓу Б.К.(56) и Д.Ј.(35), двајцата од Струга, која набрзо прераснала во меѓусебна тепачка. Притоа, се вклучил и Р.Т.(68), кој физички го нападнал Б.К. Против нарушителите, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.