Приоритетно ќе се гради колекторски систем од Радожда до Калишта
- Детали
- Објавено на Понеделник, 22 Февруари 2021 08:56
Ќе се гради колекторски систем од струшко Калишта до село Радожда.
Конечно, целиот струшки брег на Охридското езеро ќе биде заштитен. Пречиститување на отпадите води ќе има и во познатите туристички села и елитни населби, а езерската вода ќе биде од повисока категорија и побезбедна за туристите.
-„Владата донесе одлука да се изгради колекторски систем од Радода до Елен камен тоа е една благодарост од стружани и радождани , затворање на колекторскиот систем во струшко и нема да има никакви загадени води кои ќе одат во езерото“, вели Рамиз Мерко градоначалник на Струга.
Угостителските тераси во село Радожда , иако се косат со препораките на Унеско , Мерко вели тие се основа за туристички развој и нема да се уриваат.
-„Таму има 4-5 платформи кои служат за угостителските објекти и вооппшто не причинуваат проблем , батрем јас така викам , односно живее селото со тој бизнис“, додава Мерко.
Владата побара проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта , во насока на отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, министерствaта за животна средина и финансии да обезбедат средства и да го вклучат како приоритетен за 2021 – 2022 година.
Од друга страна колекторскиот систем во охридско се` уште е нефункционален, при поголеми дождови има излевање на фекалии дирекно во езерото, а една од најпознатите туристички населби , селото Трпејца и натаму останува без канализациона мрежа, со сепптички јами.
Новинар Соња Рилковска