Чет03042021

Последна промена04:25:30 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Страв и паника во Радожда, голем одрон срамни дворови и помошни куќи

Страв и паника во Радожда, голем одрон срамни дворови и помошни куќи

Сподели

Голем  одрон  на карпи  срамни неколку помошни објекти во близина на куќите  во струшко Радожда.

Веднаш до пештерната црква, Свети Архангел Михаил на влезот од селото,  вчера утрото околу 7 часот силна бучава,  која наликувала на земјотрес го разбуди семејството Пејоски. Распаднатите карпи од планината  им ги уништија помошните просттории и им го руинираа  дворот, Среќа е што нема повредени.  Жителите преплашени, стравуваат од нови одрони кои може да им  ги срамнат куќите.

-„Страв голем, да не можеш в куќи да седиш. Секој да е секој ќе се исплаши. Сега има ризик и за други одрони да се  случат каде што е напукнатог големата карпа каде се урна. Овој пат не влезе во куќата но следен пат не се знае тешко многу. вели Арсе Пејовски еден од тројцата браќа кој живее во куќата.

Одронот се претпоставува дека е предизвикан од снегот. Погодените семејства   велат дека не паметат вакво нешто и стравуваат  од нови одрони од надвиснати карпи.  

-„Толку беше силно што ни се чинеше дека цела куќа ќе се сруши  од толку силен удар. Не можеме уште да се соземеме под стрес сме дечињата ни се вознемирени Се надевам дека ќе  се преземат мерки за да имамме надеж  дека во иднина ваква непогода нема да се повтори“, Билјана Пејоска  жител на огодената куќа.

Од Општина Струга   ветиле расчистување на теренот, но се додека се случи тоа семејството Пејоски и нивните соседи  ќе жиевеат во страв.  

Од рано наутро на увид е излезена екипа од општина Струга, сниман е цел простор и се констатирало дека има одрон . апел до надлежните институции д аизлезат да направат увид дали е безбедно или можно поголем проблем. Испратено е и писмено барање до Сеизмологија, информира градоначалникот Рамиз Мерко. 

Новинар Соња Рилковска

 

 

Страв и паника  во Радожда, голем одрон срамни дворови и омошни куќи
 
Голем  одрон  на карпи  срамни неколку помошни објекти во близина на куќите  во струшко Радожда.  Веднаш до пештерната црква, Свети Архангел Михаил на влезот од селото,  вчера утрото околу 7 часот силна бучава,  која наликувала на земјотрес го разбуди семејството Пејоски. Распаднатите карпи од планината  им ги уништија помошните просттории и им го руинираа  дворот, Среќа е што нема повредени.  Жителите преплашени, стравуваат од нови одрони кои може да им  ги срамнат куќите.

-„Страв голем, да не можеш в куќи да седиш. Секој да е секој ќе се исплаши. Сега има ризик и за други одрони да се  случат каде што е напукнатог големата карпа каде се урна. Овој пат не влезе во куќата но следен пат не се знае тешко многу. вели Арсе Пејовски еден од тројцата браќа кој живее во куќата.

Одронот се претпоставува дека е предизвикан од снегот. Погодените семејства   велат дека не паметат вакво нешто и стравуваат  од нови одрони од надвиснати карпи.  

-„Толку беше силно што ни се чинеше дека цела куќа ќе се сруши  од толку силен удар. Не можеме уште да се соземеме под стрес сме дечињата ни се вознемирени Се надевам дека ќе  се преземат мерки за да имамме надеж  дека во иднина ваква непогода нема да се повтори“, Билјана Пејоска  жител на огодената куќа.

Од Општина Струга  најавија дека ќе извршат  увид   и ветиле расчистување на теренот, но се додека се случи тоа семејството Пејоски и нивните соседи  ќе жиевеат во страв.  

Новинар Соња Рилковска

 
 
  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK