Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Пациентите кои чекаат трансплантација на срце започнаа кампања за органодарителство

Пациентите кои чекаат трансплантација на срце започнаа кампања за органодарителство

Сподели

36 годишнот Васко Јолески од Струга, седум месеци живее  со апарат за механичка поддршка на срце.

Уште пред десеттина години имал срцева слабост, но здравствената состоба му се влошила лани. Неговото срце работело само 18%

Поминал вистинска голгота, заболел и од корона висрусот, а апаратот доцнел поради затворените граници. Среќен е што  животот му бил спасен во последните мигови.

„Ја добив болеста корона пошто бев лекуван во Битола 17 дена на веќе закажана операција. Само што ме пуштија имаше забрана државвата не можеше да го донесе уредот во Македонија.Помина уште еден месец и буквално последните саати беа фатени за продолжување на мојот живот“, раскажува Васко Јолески претседател на Здружението „Храбро срце“.

Апаратот за срце не е трајно решение, потребна е транслантација.  Уште триесеттина пациенти ја делат истата судбина со Васко, најмладата пациентка која чека трансплантација има само 13 години.

-„Штом веќе сме изгубиле некој близок зошто да не сме дотолку хумани да се издигнеме на највисока хуманост и да подариме живот на некој што може да се сппаси со органот д оној што сме го загубиле засекогаш“, додава Јолески.

После првата направена трансплантација на срце  во земјава се влева надеж  кај  пациентите, кои чекаат ваква операција  за продолжување на нивниот живот. 

-„Пазарот на органи во Македонија, ако може така да го наречам  е многу мал или воопшто не постои. Имаме само една трансплантација на срце Органодарителството е на многу ниско ниво и затоа овие уреди од кои еден носам јас се предоно решение до трајно решение за пациент на кого му е неоппходно ново срце, додава Јолески. 

Рокот на важност на апаратот за срце  е 15 години.Токму затоа здружението „Храбро срце“ започна силна камппања за подигнување на свеста кај населението за органодаритеклство. Кампањата ја поддржаа и политичари, доктори, спортисти  и јавни личности.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK