Повторно се пали трската во Калишта
- Детали
- Објавено на Среда, 03 Март 2021 14:05
Повторно се пали трската во Калишта.
На 02.03.2021 година во 12.45 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска кај месноста „Калишко Поле“ на брегот од Охридското езеро, во близина на струшкото село Калишта. Од извршениот увид, констатирано е дека опожарена е езерска трска во должина од околу 400 метри и ширина од околу 40 метри а со интервенција на Територијалната противпожарна единица, спречено е неговото натамошното ширење. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.