Пациентот вратен од Занзибар има британски сој на вирусот
- Детали
- Објавено на Четврток, 04 Март 2021 16:25
Кај битолчанецот, вратен од патување во Занзибар, хоспитализиран во Специјалната болница за неврологија во Струга потврден британскиот сој на корона вирусот.
За среќа не е јужно африканскиот сој кој се смета за поопасен. Денешните анализи во МАНУ, потврдија дека се работи за британската мутација, која веќе е присутна во земјава. Инаку 65 годишниот маж е во стабилна состојба и лекувањето ќе го продолжи во струшката болница за дијализа.
Пациентот е во стабилна состојба, информира директорот Александар Попоски.