Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Конзервирани вредните мозаици од 5 век во Октиси

Конзервирани вредните мозаици од 5 век во Октиси

Сподели

Се конзервираат вредните археолошки проанајдоци во струшко.

Годинава  ќе  се врши презентација на ранохристијанската  базилика од петтиот век  пронајдена во селото Октиси .  Станува збор за монументална  базилика од римско време  откриена  уште во  1928 година,  но конечно денес  мозаиците  со големина  од 100 квадрати, како дел од непроценливото културно налседство во земјава  се    конзервирани на најсовремен начин, сочувани  на  алуминиумско саќе.

 „Овие мозаици еден дел се изложени во  спомен домот на Браќа Миладиновци,околу  30 квардати останатите 70 квадрати оваа година ќе се изложат во специјално израдени конаци каде што е базиликата. Црковниот одбор и месното население изградија конаци и овие  мозаици ќе бидат презентирани“, вели Јован Василески директор на Музеј Незлобински Струга.

Последниве години вршени се археолошки истражувања на повеќе локалитети  во струшко.  Откриени се  ранохристијански базлики во селата  Ташмаруништа и Радолишта и една некропола  на локалитетот Свети Илија во село  Делогожда..

 „Исто така има уште една базилика во село Радолишта  исто од 5 век таму е конзервирана и архитектурата и мозациите се тука со песок заштитени, а во Октиси и Ташмаруништа се подигнати“, додава Василески.

Во Октиси откриена е и  крстилница со квадратна форма и кружна писцина. Истражувањата покажаа дека се работи за трикорабна базилика со нартекс. Музејот Незлобински работи на конзервација и зачувување на вредното културно наследство но и негова соодветна презентација пред  јавноста.

 

Новнар Соња  Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK