Во Струга ќе се гради подземен паркинг
- Детали
- Објавено на Сабота, 10 Април 2021 18:45
Со подземен паркинг Струга ќе го решава проблемот со паркирањето во градот.
Во тек е изработка на физибилити студија за изградба на подземен паркинг на два ката од плоштадот Мајка Тереза, под градското шеталиште , до хотелот Дрим. Овој проект ќе обезбеди дополнителни 500 паркинг места во градот на Мостовите.
-„Се прават сега бушотини во длабочина до 13 метра иако паркингот нема да оди подолу од 6 метри. Ќе видиме како ќе бидат резултатите од бушењето и продолжуваме со проектна документација за овој капитален објект“, вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.
Овој капитален проект ќе се гради преку јавно приватно партнерство, а веќе има заинтересирани приватни партнер.
„ Мислиме ке биде еден вреден објект кој ќе остане за граѓаните на Струга. Приватниот партнер ке го користи за толку време колку дозволува законот за јавно приватно партнерство во земјава“, додава Мерко.
Оваа година во Струга се отворени нови 1000 паркинг места по градските улици , за разлика од минатото кога паркинзите беа во раце на приватни лица, денес со нив стопанисува Јавното претпријатие Еко.
Новинар Соња Рилковска