Сре12012021

Последна промена09:48:53 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Објавени кандидатите на СДСМ за Струга и Дебрца

Објавени кандидатите на СДСМ за Струга и Дебрца

Сподели

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници во Струга и Дебрца.

 

Во Струга ќе трча  со Димче Шипинкароски, а во Дебрца со Игорче Крцоски.

Со ваква чесна и одговорна понуда, најдобра понуда, ја бараме довербата од граѓаните, за да испорачаме уште поголеми успеси на локално ниво, за да продолжат напредокот и развојот на општините, рече Заев. 

Можно е да е слика од 4 луѓе

 

За мене и мојот тим, огромната одговорност значи и водење позитивна кампања, која наместо поделби и нетрпеливост помеѓу граѓаните, ќе донесе дополнителна кохезија во мултиетничкото струшко општество и унапредување на концептот Едно Општество за сите. Целта е да понудиме алтернативна космополитска визија, како за нашиот прекрасен град, така и за целата Општина, со сите нејзини преубави полски, ридски и планински села. Целата наша кампања ќе биде тројазична, на македонски, албански и англиски јазик и ќе биде насочена кон сите граѓани. Досегашната grassroots поддршка, која ми дава огромен мотив да влезам во овој предизвик, доаѓа и од муслимани, и од христијани, и од Албанци, и од Македонци, и од Торбеши, и од Турци, и од Роми, и од Египќани, и од Власи. Цврсто верувам дека етноцентричниот концепт на овие локални избори во Струга ќе биде фрлен на буништето на историјата, а следниот градоначалник ќе биде оној кој ќе биде силно поддржан и во Велешта, но и во Враништа, и во Радожда, но и во Радолишта, како и во Лабуништа и во сите останати населени места, напиша Шипинкароски на својот фејсбук профил. 

 

Крцоски излегува на изборите како против кандидат на актуелниот  градоначалник од редовите на СДСМ Зоран Ногачески, кој овој изборен циклус ќе настапи како  независен кандидат и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Саше Силјановски. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK