Сре12012021

Последна промена09:48:53 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Во средните училишта во Струга започна онлајн настава

Во средните училишта во Струга започна онлајн настава

Сподели

 Во средните училишта во Струга денес започна онлајн настава.

Комисијата за заразни болести , прифати дел од барањата на кризниот  штаб, но дел ги одби. Онлајн настава е дозволена само во првите 7 дена во средните училишта, а  основните училишта започнаа со настава со физичко присуство.

Во средното стручно училиште „Нико Нестор“ за 1400 ученици на два наставни јазици македонски и албански, наставата се одвива онлајн. 

- „Денес наставата во училиштето Нико Нестор Струга започна онлајн и функционира беспрекорно, покрај та што доцна ја добивме информацијата дека настават во наредните 7 дена ќе се одвива онлајн сепак одговоривме на сите предизвици и денес наставата фунцкионира беспрекорно налјн“, вели Кети Јанкоска директор на Нико Нестор.

Иста е состојбата и во струшката гмназија, наставата ќе се одвива онлајн, но велат подготвени се и за образовен процес со физичко присуство.

-„Денес учениците дојдоа само неколку минути класен час одржаа, ги подгнаа учебниците  и си заминаа,секко почитувајќи ги сите емрки според протоколот. Од утре започнуваме со онлајн настава“, вели Бесиме Јонузи директор на  гимназијата „Ибраим Темо“ Струга.

Според вчерашната одлука на владата, донесена по предлогот на Кризните штабови поради  лошата епидемиолошка слика, предвидена е онлајн настава во средните училишта  во Тетово и Гостивар во траење од две недели, додека во Струга и Кичево само во првите седум дена.

Како ќе се одвива натамошниот образовен процес во овие четири општини ќе  се чека следна одлука од Владата.

 

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK