Сре12012021

Последна промена09:48:53 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Мерко најави нови инфраструктурни проекти во Струга

Мерко најави нови инфраструктурни проекти во Струга

Сподели

Денеска градоначалникот на Општина Струга,  Рамис Мерко, во друштво на министерот за финансии г. Фатмир Бесими и министерот за информатичко општество и администрација г. Јетон Шаќири, одржа информативна средба во градот Струга.

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и надвор
За време на средбата присутните имаа можност да разговараат за реализација на многубројните проекти во Струга во тек на овој мандат и за досегашните завршени проекти. Исто така, вршеа надзор на проектите што се веќе започнати во градот Струга.
Проектот финансиран од ТАВ, со вредност од 63 милиони денари е еден од нив. На крајот на овој проект, ќе се асфалтираат улици и тротоари во населбата - Урбана единица 8, во блок 22, 23 и 24 и изградба на фекална и атмосферска канализација.
Реконструкција на ул. „Партизанска“ со должина околу 2.5 км., до „Еурохотел“, која опфаќа целосна реконструкција на патот, изградба на пешачки и велосипедски патеки од двете страни, паркинзи и целосно осветлување на коловозот со модерни електрични столбови. Вклучена е и реконструкција на подземна инфраструктура.

Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Реконструкција на ул. „Маркс Енгелс“ од крстосницата со ул. „Партизанска“ до крстосницата со ул. „Туристичка“ во должина од 500м. Реконструкцијата на овој пат беше извршена во постојниот профил на патот, при што се изврши целосна реконструкција на подземната инфраструктура, улично осветлување, додавање велосипедски патеки и дополнителни паркинзи.
Реконструкција на ул. „ЈНА“ и „Глобочичка“ со должина од околу 1,5 км., што опфаќа целосна реконструкција на патот, а истовремено и спроведување на урбанистичкиот план. Реализацијата на оваа капитална инвестиција вклучува проширување на патот, изградба на велосипедски и пешачки патеки. За време на изградбата на патишта, изградена е подземна инфраструктура како и улично осветлување.
Градоначалникот Мерко потенцираше дека е убеден во светлата иднина што ја чека Струга. Нема да престанеме со работа додека не ја претвориме Струга во една од најфреквентните туристички дестинации - рече тој.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK