Сре12012021

Последна промена09:48:53 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Мозаиците во Октиси презентирани во новоизградените конаци

Мозаиците во Октиси презентирани во новоизградените конаци

Сподели

Ранохристијанската  базилика од петтиот век  пронајдена во селото Октиси, кај црквата Свети Никола  презентирана пред јавноста.

Станува збор за монументална  базилика од римско време  откриена пред еден век. Мозаиците  со големина  од 100 метри квадратни, како дел од непроценливото културно наследство во земјава  се конзервирани на најсовремен начин, сочувани  на  алуминиумско саќе.

Тие, нема веќе да стојат  во депо,  од денес  се поставени во новоизградените конаци на црквата во Октиси.

-„Изваден е 1990 пренесен во Струга обработува и за прв пат во Македонија е лиен на алуминиумско саќе. Та значи дека подлогата нема влијание од пропаѓање и трулење“, вели Драган Вергоски конзерватор на мозаици во пензија.

Базиликата има непроценлива вредност особено поради тоа што на мозаиците ја има единствената претстава на Балканот - „Рагање на христијанството“. Целта е вредното културно наследство   да ја надополни  туристичката приказна на Струга.

-„Ќе се изработи една изложба на ѕидовите на панели да ја претстави базиликата со сите вренодсти, каталози и ќе се промовира се надеваме дека ќе биде доста посетен овој мозаик особено поради близината на Вевчани и Вевчанските извори“ ,  вели Јован Василески директор на Музеј Незлобински Струга.

Еден дел од подните мозаици од базиликата во  Октиси е изложен во Спомен куќата на Браќата Миладиновци во Струга.

 

Новнар Соња  Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK