Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Струга за прв пат домаќин на Балканскиот шампионат во веслање

Струга за прв пат домаќин на Балканскиот шампионат во веслање

Сподели

Овој викенд Струга за прв пат домаќин на Балканскиот шампионат во веслање. Над 300 веслачи од целиот Балкан ќе ги разбрануваат езерските води крај струшкиот брег и ќе го крунисаат 90 годишното постоењето на веслачкиот спорт во државава.


Овој спортски настан ќе ги обедини младите веслачи од Грција, Романија, Турција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и нашата земја. Веслачката федерација на Македонија со поддршка од Балканската Веслачка Асоцијација, Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот Олимписки комитет деновиве ги финализираат подготовките.

Се подготвуваат понтони за впловување на чамците, се поставува сигнализација на патеката ,стандардизирана стаза долга 2 км од Подмолје до автокампот Ас, а се монтира судската кула на целта.

-„Делени се во кадетска категорија и јуниорска ова е младинско првенство. Прв пат досега во македонија е направена стаза прогфесионална наречена Албано во долина од 2000 метри со шест професионални стази со бови и со сите технички правила од Веслачката асоцијација“,вели Игор Скепароски технички секретар на Веслачка федерација на Македнија.

Во пресрет на големиот спортски настан ќе биде издадена и Монографија за Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ историски документ кој во вековите што доаѓаат ќе сведочи за веслањето како спорт бренд на градот Струга.

Нема опис за фотографијата.

„Една ретроспектива на веслачкиот живот во нашата држава низ сите сиротиски непрлки и општествени уредувања до ден денешен. Она што е интересно третира еден социјален, социолошки културолошки аспект настрана од спортските резултати и е прераскажана од сите чинители на спортскиот веслачки живот во градот Струга“, вели Коста Хиохи професор по физичко образование и автор на монографијата.

Нема достапен опис

Од Веслачката федерација, велат оваа организација на Балканскиот шампионат во веслање е своевиден тест за зрелост, кој во иднина цели кон организација и на поголеми веслачки натпреварувања, но и развој на веслачкиот спорт во држававата.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK