Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Колекционер на народни носии од Струга издаде монографија

Колекционер на народни носии од Струга издаде монографија

Сподели

Народните носии автентични за Југозападниот регион во земјава  собрани во Монографија од Љубанишча до Дебор.

Автор е  млад стружанец, колекционер, кој  од своите 15 години започнал со собирање на народни носии. Монографијата содржи фотографии на невестински  носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина.

Станува збор за вистински ремек дела, кој ја отсликуваат  креативноста на жените од регионот.  

-„Успеав да соберам една така побогата колекција која ја претставив во монографја. На монографијата се работеше околу година и пол заедно со професорот Владимир Јаневски и дојдовме до идеја таа монографија да се испечати и да се промовира на јавноста“, вели Љупчо Милошески автор на монографијата.

Зачуваните примероци со сето свое богатство, изразено во разновидноста на облеките, начинот на нивното украсување, орнаменталните композиции се дел од националното културно богатство. Милошески носиите ги собирал со години  одејќи од куќа во куќа низ селата во целиот регион. Тие сега соодветно се чуваат за идните генерации.

-„Тоа беше главна инспирација за моногарфијата бидејки Дрим е тука во Струга, а идејата бее да се соберат сите нсии од етничките предели по течението на Дрим, почнувајќи  од изворот кај Св Наум до Дебар каде истекува Дрим“, додава Милошески.

Народните носии во земјава се дел од културата на македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од народното уметничко творештво.Тие  се слика на  богатиот духовен живот проткаен со безброј емоции низ вековите, одраз на сите страдања и болки, радости и  токму затоа е потребна поголема грижа за нивно чување и презентација.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK