Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Во Струга нема пријавени заболени ученици и професори

Во Струга нема пријавени заболени ученици и професори

Сподели

Во струшко нема пријавен ниту еден професор, ниту ученици  заболени од корона вирусот.

Иако основците ја стартуваа учебната година на 1 септември и веќе една седмица  наставата и во средните училишта  во Струга се одвива со физичко присуство, до денес нема ширење на вирусот помеѓу учениците или професорите.

Од училиштата велат причината е  строгото   почитување на  протоколите и мерките за заштита.

-„Досега не е пријавен ниту еден професор или некој ученик кој покажал симптоми и е тестиран  да е позитивен на ковид 19“, вели Арменд Арслани директор на болница Струга.

Се намалува и бројот на хоспитализирани пациенти во струшката болница. Денес има само 19 пациенти на болничко лекување.

-„Од нив 8 пациенти се вакцинирани со две дози но се со полесна клиничка слика. 13 пациенти се со поддршка на кислород од 2 до 32 литри во минута. Сите ресурси се ставени на располагање“, додава Аслани.

Дека се смирува епидемиолошката слика во струшко, потврдува и  двојно  помалиот број на прегледи. Ако мината недела имало 130 прегледи дневно , оваа недела во просек има 80 контролни прегледи во амбуланта.

 

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK