Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Пожарот на Јабланица под контрола, жителите на Вишни стравуваат

Пожарот на Јабланица под контрола, жителите на Вишни стравуваат

Сподели

Ставен под конторла пожарот на Јабланица, кој три денови беснее помеѓу селата Долна Белица и Вишни.

Пламените јазици и силниот ветер синоќа предизвикаа страв и паника кај жителите на селото Вишни. Денес пожарникарите и Македонски шуми смируваат, велат нема опасност од проширување на огнот.
Теренот каде што гори и се уште се гледа чадот е непристапен, не може да се гасна. Надлежните будно ја следат состојбата.

„Теренот е доста непристапен карпесто мессто со трева и тешко може да се пристапи. Во моментов го поминавме целиот терен и состојбата е задоволителна нема огниште има пенушки кои горатизјави , Васил Радиноски раковидтел на ПЕ Макеоднски шуми Струга.

Жителите на Вишни минаа две непроспиени ноќи. Преплашени од пламените јазици кои се ширеле синоќа дежурале до полноќ.

-Пожарот беше активен три денови така да синоќа се приближи до селото и ние сношти кога ги видовме фотографиите се собравме со дрон снимавме и според дистанца беше на 300 метри до првите куќи беше загрижувачки“, вели жител на село Вишни.

-  Не е нјишто покосено овде терва е сува овде да букни цело село ќе изгори. Дојда од Струга пожарна вели нема гајле далеку е како далеку за тебе далеку за мене не е “, вели повозрасен жител на Вишни.

-Се исплашивме се собра цело село овде колку ги има: Останавме до десет 11 часот.Баравме хеликоптер авион да додји да згасне , ништи се е под контрола викаа, тоа пукаше се ширеше, вели еден жител на село Вишни.

Поради непристапниот терен пожарот на Јабланица беснее три денови. Гори нискостеблеста вегетација, надлежните ја набљудуваат состојбата. Не се преземаат мерки за гаснење поради непристапноста. Гасење со авиони ќе има само доколку има опасност од негово проширување.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK