Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home Вести Струга Во Струга ќе се гради туристичка развојна зона

Во Струга ќе се гради туристичка развојна зона

Сподели

Во Струга ќе се гради слободна туристичка развојна зона. На 15 хектари на потегот кај Калишта ќе „никнат“  стотина туристички куќи, два хотели и базени.

Потребата  се должи на  недостатокот на современи туристички капацитети во градот на мостовите,

Градоначалникот  Мерко,  вели има повеќе заинтересирани инвеститори за развојната туристичка зона.

„Имаме седум инвеститори до сега пријавени.0129 На влада го имаме започнато овој проект и мислам дека ќе станеме еден од најголемите туристички центри не на Балканот туку и пошироко“, вели Рамис Мерко градоначалник на општина  Струга.

Туристичката развојна зона ќе се гради на државно земјиште на просторот  над Калишкиот манастир.

„ Многу е битно да донесеме детален и генерален урбанистички план на градот за проширување. Во овие предели каде сега е генералниот план имаме негде шест улици кои поврзуваат, а со тоа ќе направиме некаде пола град повеќе“, додава Мерко.

При изградбата на развојната туристичка зона според Мерко ќе бидат запазени препораките на Унеско, нема да има градби во заштитениот езерски појас.

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK