Здружението на пензионери Струга додели пакетчиња за децата со посебни потреби
- Детали
- Објавено на Вторник, 28 Декември 2021 11:07
Активот на жени при ЗП Струга,на 27 декември 2021 година,предводени од потпретседателката на Активот Павлина Кузманоска,придружувана од Мимоза Ацкова и Марија Симакоска,членки на активот го посетија центарот на деца со посебни потреби и им врачија двасет новогодишни пакетчиња.
Радоста на децата кои ја имаа покрај елката,активот на пензионерки им ја зголеми радоста со тоа што на секое дете поединачно им врачи новогодишно пакетче,кои исто така им упатија најубави желби во новата 2022,сите да влеземе во надеж за подобри денови.
За оваа категорија на дечиња потребна е поголема достапност на терапија која значи живот за нив.
На крајот од средбата беше направена и заедничка фотографија со децата и вработените во центарот,почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид 19.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ