Општина Струга и годинава ќе ја поддржи манифестацијата „Трка на поезјата“
- Детали
- Објавено на Сабота, 15 Јануари 2022 09:53
Општина Струга и годинава ќе ја поддржи манифестацијата „Трка на поезјата“.
И оваа година, односно на 22 мај 2022 година градот Струга ќе биде збогатен со голем спортски настан.
Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко оствари средба со претставниците на проектот “Трка на Поезијата“. На состанокот се дискутираше за спортскиот настан, кој ќе се одржи на 22 Мај во град Струга.
Овој настан е од големо значење за градот и околината затоа што оваа година настанот е интернационелен , ќе учествуваат голем број на гости не само од државата туку и од регионот.Целта на овој настан е да се подигне свеста на луѓето за важноста на физичката активност, како и промоција на спортот и трчањето. Преку трката на поезијата, Струга ќе биде домаќин на голем број успешни спортисти и атлетичари, спортски работници, како од нашата земја така и од другите држави.
Слоганот на овој настан е: ТРЧАМЕ РЕЦИТИРАМЕ, што дава многу убава релација на спортот и она што е препознатливо за овој град а тоа е поезијата, информираат од општина Струга.
Настанот е збогатен со две трки и тоа:
Трка со должина од 5км која ја нарекуваме трка од рекреативен карактер
Трка со должина од 10км која е трка од натпреварувачки карактер и
Детска трка со должина од 1км.