Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Становите во Струга достигнаа рекордни 1300 евра за квадрат

Становите во Струга достигнаа рекордни 1300 евра за квадрат

Сподели

Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатарктивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим.

Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти,се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата.
Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување.

-„Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат повеќе фактори градежнте материјали, работната рака, Новите станови се градат со поквалитетни материјали. Еден од елементите е тоа што со ковидот се стекна впечаток дека посигурно е да се вложува во недвижности него да се чуваат парите во банка“, вели Инајет Положани агент за недвижности од Струга.

Печалбарите се најголеми купувачи на станови и луксузни апартмани во струшко. Се уште е мал бројот на странци кои купуваат недвижнини.

-„Податоците покажуваат дека тие се големи купувачи, тие го сочинуваат поголемиот дел од колачот, но и домашните ако може така да се каже се сериозни купувачи и купуваат. Како податок може да се користат податоците од банките каде што потребите за станбен кредит секој ден растат. Од друга страна банките со пониски камати го помагаат овој сегмент повеќе да се развива“, додава Положани.


До пред две години цените на поатрактивните станови во струшко се движеа од 500 до 900 евра. Дополнителна причина за поскапувањето се препораките на Унеско, односно забраната за градби во близина на крајбрежието.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK