Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Исечени бакарните цевки за медицински гас до операционата сала во Специјализирана болница за нефрологија Струга

Исечени бакарните цевки за медицински гас до операционата сала во Специјализирана болница за нефрологија Струга

Сподели

Исечени се бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во Специјализирана болница за нефрологија во Струга, соопшти МВР откако вчера анестезиолог во болницата го пријавил оштетувањето.

Како што соопшти МВР, оштетувањето се случило на 17 март по 17 часот, кога непознат човек со предмет насилно удирал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата. Потоа, насилникот си заминал.

„Украдени се неколку метри бакарни цевки за азотен оксидул. Операциите одат непречено. Дел саниравме, а дел ќе санираме. Немаше опасност. Секогаш имаме доволно кислород во боци и концентратори за кислород“, ни изјави директорот на струшка Нефрологија Александар Попоски.

Екипа на Полициската станица во Струга извршила увид и работи на случајот.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK