Органодарителството во земјава се уште на многу ниско ниво
- Детали
- Објавено на Понеделник, 18 Април 2022 08:35
Органодарителството во земјава се уште е на многу ниско ниво.
Дарувањето органи се смета за највисок чин на хуманост, во моменти кога згаснува еден живот, да се подари живот некому кој го делат денови до смртта. Националното здружение „Храбро срце“ деновиве започнува нова кампања за подигнување на јавната свест. Под мотото „Предизвик“ ги повикуваат младите со објавување видеа да ги поддржат на социјалните мрежи.
-„Секој кој сака да го поддржи здружението снима видео со поддршка за здружението и подигање на свеста за органодарителството Го објавува видеото на својот инстаграм и профил го одбележува здружението фан странатаи одбелеува свој пријател“, вели Васко Јолески претседател на „Храбро срце“.
Иако законот за органодарителство во земјава е донесен со консензус на верските заедници, голем дел од населнието се уште не го прифаќа поради верски обичаи. Од „Храбро срце“ велат сами ја водат битката, но потребна е национална кампања со поддршка од државата и институциите.
-„За жал оние кои што треба да ја подигаат свеста и кој треба најмногу да вложуваат во тоа се оглушуваат. Односно власта не прави ништо за да покрени една голема кампања, силна кампања по примерот на Хрватска кои денес стигнаа да се врв во Европа“, вели Јолески претседател на „Храбро срце“.
Потребни се и измени во зaконот, со што секој човек ќе може да биде потенцијален донор, доколку во живототот потпишал таква изјава. Досега во земјава има само шест органодарувања од починат донор, а кампањата ја поддржаа политичари, доктори, спортисти и јавни личности.
Новинар Соња Рилковска