Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Хотелските капацитети резервирани околу 50%

Хотелските капацитети резервирани околу 50%

Сподели

За време на Велигденските, Првомајските и Рамазанските празници хотелските капацитети на охридско струшкото крајбрежје ќе бидат исполнети околу 50%.  

За разлика од годините пред пандемијата кога се бараше место повеќе, поради светската економска криза и инфлацијата интересот кај гостите  е преполовен.

Најбројни ќе бидат туристите од регионот, од земјите во соседството Бугарија, Грција, Црна Гора, Албанија и Србија.

„На жалост не можеме да се пофалиме дека исполнетоста ни е на некое ниво како во 2017/2019. Во моментов се бориме да стигнеме некаде до 50% исполнетост на хотелските капацитети во тие периоди“,вели Крсте Блажески претседател на хотелската асоцијација Хотам.

Празничните патувања во криза се  луксуз. Според ХОТАМ домашниот буџет не дозволува да се патува при зголемени цени на транспортот,сместувањето и услугите.

-„Пореметување големо има на цените самиот транспорт да стигнат до овде тие гости чини повеќе, услугите се малку исто поскапени од минатите години и самата војна допринесува до размислување на туристите дали да отпатуваат на некоја дестинација или да седат дома“, вели Блажески.

Засега нема најава за значителен број  организирани  групи од странство, со летовите на Визер на  Охридскиот аеродром се очекува наплив на печалбарите.

 

Новинар Соња Рилковска

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK