Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Втор ден гори шумата над Елен Камен

Втор ден гори шумата над Елен Камен

Сподели

Втор ден битка со пожарот, се уште гори нискостеблестата шума над туристичката населба Елен Камен.

Огнената стихија денес е подалеку од викендиците, на другата страна од ридот,  вчера огнот беше на само два километи од првите куќи.

Пожарникарите со две  противпожарни возила цела ноќ дежураа  за да ја следат состојбата. Теренот е карпест и непристапен,  немаше можност да се интервенира, но денес пожарникарите ќе се обидат да гаснат.

-„Нема опасност да оди кон викендиците екипа има сега отиде уште една екипа од Шумско ќе одат десет лица. Намлен е пожарот, но ветерот го разгорува“ , вели Фети Мазари од ТППЕ Струга.  

Според подрачната единица на ЈП „Македонски шуми“ се работи за пожар на приватни шуми каде горaт  нискостеблести растенија, смрека и трева. Пожарот предизвика страв и паника кај големиот број жители, кој овој празничен викенд престојуваат во населбата Елен Камен.

-„Сега згаснат е од оваа страна ваму кај викендиците, уште тлее од другата страна, но нема опасност по куќите. И во шумата веруваме ќе згасне кај и да е“,  вели Емил Попоски претседател на МЗ Елен Камен.

Причините за пожарот над Елен камен во Струга , кој избувна вчера попладне засега не се познати ,тие  дополнително ќе се утврдуваат.

Новинар Соња Рилковска

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK