Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Кампот во Радожда 25 години се распаѓа

Кампот во Радожда 25 години се распаѓа

Сподели

Кампот „Треска” 25 години препуштен на забот на времето.

Руинирани камп приколки, завиени во пајажина бунгалови, распаднат ресторан, рецепција, депонии и грмушки. Ваква слика ќе ве дочека денес во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро. На само 2 километри јужно од селото Радожда, на границата со Албанија, некогаш една од најубавите камп приказни во земјава.
Првиот човек за турзам вели авто камповите се подзаборавени,во следниот период мора да се инвестира во развој на камп-туризам.

- „Локацијата на автокамповите кои се на струшко охридската ривиера не се случајни тие се токму избрани според инфраструктурата и се она што е потребно . Потребен е циклус на нивно категоризирање но и приспособување на новите законски легислативи од 2014 година и некако низ годините поради хотелските капацитети ги подзаборавивме“ , вели Јаневски.

Во светот расте бројот на туристи кои патуваат со камп приколки, трајлери и други камперски средства. Во Европа од овој сегмент се остваруваат милјарди евра годишно.

- „Се надевам дека во многу брзо време ќе почнеме еден циклус на авто кампови и повеќе вложувања во тој сектор бидејќи според некои мои истражувања, отприлика околу милион ноќевања може да се генерираат и на таков начин“, вели Љупчо Јанески директор на АППТ.

Светската кампинг асоцијација смета дека државата неопходно е да има посериозен пристап кон подобрување на условите за развој на овој вид на туризам.

Новинар Соња Рилковска

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK