Нед07032022

Последна промена05:58:40 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Меѓународен тим археолози ќе го истражува подвoдниот локалитет Врбник

Меѓународен тим археолози ќе го истражува подвoдниот локалитет Врбник

Сподели

Меѓународен тим археолози  ќе го истражува подвoдниот локалитет Врбник.

Првата фаза од истражувањата лани потврдија дека наколната населба датира од раното железно време. Палео ботаничката анализа ќе го отслика начинот на животот на населението  и нивната исхрана. Археолози од Швајцарија, Германија и Полска ќе истражуваат еден месец почнувајќи на 5 јуни годинава.

„Остатоци на семиња кои се останати во културолошките слоеви тие одредуваат со што се се храни населението во тој период. Така да ќе имаме можност да видиме како се живеело и луѓето како се хранеле“, вели Валентна Тодороска археолог.

Ќе има отворен ден за јавноста да може да се запознае со вредните археолошки остатоци на локалитетот Врбник.

„Го одбравме 21 јуни Денот на Охридското езеро така да не само стручната јавност, туку и пошироката јавност ќе има прилика да се запознае со работата и резултатите0526 Има можност со дишник и маска да се види локалитетот а поискусните нели во водите ќе пробаат да бидат и дел од нашите активности“, вели Тодороска.

Праисториската наколната населба меѓу Струга и Калишта, која се наоѓа на  200 мeтри од брегот е откриена во  осумдесеттите години од страна на локалните рибари. Има  500 колци и документиран е простор од  500 м2 со богат археолошки материјал. Првите истражувања започнале пред 23 години  и траат до денес.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK