Пет07032020

Последна промена09:53:49 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга ОБНОВЕНО: Обид за убиство во струшко Велешта

ОБНОВЕНО: Обид за убиство во струшко Велешта

Сподели

Со рафални истрели од пиштол, двајца жители на Велешта нападнале сожител , 36 годишниот Алвин Скендери .

Пукотниците кои околу полноќ ги вознемирија велештани се случиле пред домот на сега повредениот, кој и покрај раните во стомакот, нозете, рацете и грбот за чудо го преживеа нападот.

Алвин излегол од својот автомобил мерцедес за да влезе дома, но скриени во Ровер паркиран до неговата куќа го чекале напаѓачите.

- Кон него од друго патничко возило се упатиле две лица од кои што едниот извадил пиштол и искпукал најмалку осум куршуми кои што се пронајдени на лице место во текот на криминалистичкиот увид извршен од страна на полициските службеници и јавниот обвинител ,изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид .

Напаѓачите веднаш после пукањето се вдале во бегство, тие ќе одговараат за “ Убиство во обид”.

- Во текот на денот интензивно се работи и на утврдување и на други околности кои што претходеле на ова кривично дело. Напоменувам дека во моментов повикани се неколку лица од кои што најмалку две лица се подирекно поврзани со сторувањето, извршувањето на ова кривично дело , додава Димоски.

Со тешки повреди Алвин е згрижен во струшката болница, каде врз него е извршен хитруршки зафат, тој сега е во стабилна состојба. Засега не се познати причините за нападот, се претпоставува дека тие имале меѓусебни нерасчистени сметки.


Новинар Соња Рилковска

Канал 5 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK