Шверцувал кори за бурек

Сподели

144 килограми готови кори за бурек и баклава, откриени на граничниот премин Ќафасан.

Нелегано увезените кори биле пронајдени  при контрола на македонски автомобил, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Корите биле пронајдени во торби со лични работи на возачот и повеќе картонски кутии, сместени во багажниот простор и позади предните седишта на возилото.